Со одиграните три преостанати осминафинални натпревари се комплетираа екипите учесници во четвртфиналето во Општинскиот куп.
Домашниот терен го искористија Рудар и Лакочереј кои триумфираа против Илинден (3-0) односно Свети Петар (1-0) додека на гостински терен славее Злести победувајќи го Славеј со 4-1.
Во четвртфиналето кое ќе се одигра на први април ќе се сретнат Рудар – Вапила, Злести – Воска додека Лакочереј и третолигашот Вулкан обезбеди директен пласман во полуфиналето.
Мх.П.