Екипите на Тотенхем, Ајакс, Жилина, Оксер и Копенхаген се последните патници во елитната Лига на Шампионите.

Питер Крауч со хет – трик го лансираше Тотенхем во елитното друштво, минимални победи во скандинавската пресметка и во чехо-словачкиот дуел по кој Копенхаген и Жилина одат понатаму.

Тимот на македонскиот интернационалец Горан Попов, Динамо Киев претрпе пораз од Ајакс со 2-1 и тука ги заврши натпреварите во Лигата на Шампиони.

Резултати:

Копенхаген – Розенборг 1:0
Жилина – Спарта Прага 1:0
Тотенхем – Јанг Бојс 4:0
Оксер – Зенит 2:0
Ајакс – Динамо Киев 2:1