На три дена пред стартот на подготовките за престојната сезона охридскиот второлигаш Охрод 2004 го комплетираше стручниот штаб кој ќе ја води екипата во наредната сезона.

На ново назначениот тренер Зоран Ѓоревски – Џајо, ќе му помагаат Валентин Целески како прв помошник и Миле Цветкоски како тренер на голманите. Досегашниот прв помошник Милчо Ристески ќе биде нов секретар на клубот. Со младинските категории ќе работи Борче Џајкоски.

Од клубот велат дека во наредната сезона ќе го задржат поголемиот дел од постојниот играчки кадар, додека до прва ќе се договараат евентуалните засилувања.

Охрид 2004 и уште девет други клубови беа казнети од страна на дисциплинската комисија при ФФМ со по 1000 евра во денарска противвредност како и забрана за извршување на трансфер активности.  

Казната се должи на неизвршување на Одлуки донесени од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Според оваа одлука клубовите нема да можат да прават трансфери во клубот ниту надвор од него во домашниот шампионат, ниту интернациолани трансфери бидејќи не извршиле некои претходни одлуки на дисциплинскиот комитет на ФФМ.

М.П.