Вкупно 129 комплети од кутија за прва помош, елек и триаголник, за различни патнички автомобили, биле откриени при царинска контрола на македонски автобус, што сообраќал на релација Дортмунд – Охрид.
Според информациите од Царинската управа, автобусот бил пријавен за влез во Република Македонија на граничниот премин Табановце. Непријавените производи биле пронајдени во патните торби на македонски државјанин кој бил патник во автобусот.
OhridNews