Од 12 до 15 август љубителите на ракометот во Струга и Охрид ќе имаат богато мени на Меѓународниот ракометен турнир, кој ќе се одржи по 45-ти пат на теренот пред „Женска плажа“ во Струга.
По извлекувањето на групите, организаторите го одредија и распоредот на мечевите на турнирот. Ракометниот клуб Охрид дебитанскиот настап во Струга ќе го има на 13 август против турски Бешикташ, додека вториот меч ќе го одигра ден подоцна со Алингсас од Шведска.
На 12, 13 и 14 се мечевите по групи, додека на 15 се финалните натпревари.
Распоред:
Сабота (12 август):
18:45ч. Свечено отворање
19:30ч. Шартр – Струга
21:15ч. Бешикташ – Алингсас
Недела (13 август):
19ч. Бешикташ – Охрид
20:45ч Металург – Шартр
Понеделник (14 август):
19ч. Металург – Струга
20:45ч. Алингсас – Охрид
Вторник (15 август):
18ч. Меч за петто место
19:45ч. Меч за трето место
21:30ч Финале
OhridNews