Од сабота (30 јуни) на Мундијалот во Русија ќе започнат долгоочекувани мечеви во елиминациската фаза, откако со натпреварите од третата рунда во Г и Х завршија возбудувањата во групите.
Нокаутот на Светското првенство ќе има спектакуларен почеток со мега дербито помеѓу Франција и Аргентина, а ќе кулминира со средбата Уругвај и Португалија. Следниот ден домаќинот ќе го предизвика шпанскиот состав, а Хрватка ќе ги одмери силите со Данска.
Третиот ден на мегдан ќе излезат „кариоките“ со Мексико и „црвените ѓаволи“ од Белгија со јапонските самураи. Осминафиналната фаза ќе ја комплетираат Шведска и Швајцарија со европското дерби и Колумбија – Англија.
Распоред:
Сабота (30 јуни): Франција – Аргентина (16ч), Уругвај – Португалија (20ч)
Недела (1 јули): Шпанија – Русија (16ч), Хрватска – Данска (20ч)
Понеделник (2 јули): Бразил – Мексико (16ч), Белгија – Јапонија (20ч)
Вторник (3 јули): Шведска – Швајцарија (16ч), Колумбија – Англија (20ч)
OhridNews