Љубителите на ликовната уметност имаа можност да ја видат изложбата на 30 дела компјутерска графика од мега циклусот “Охридските ангели” и интерпретацијата на препевите на хаику поезијата на Спасески.
Оваа традиционална манифестација, е резултат на соработката меѓу Македонско-Црногорското и Црногорско-Македонското друштво во двете земји. Охридски учествуваше втор пат и предизвика голем интерес кај Црногорската политичка и културна јавност.
– Чествувањето на Македонската уметност за празникот, симбол на Македонскиот идентитет, е можност за секој наш уметник да се претстави во Црна Гора, а и можност за Црногорската уметност да се претстави во Македонија. Ова е само почеток и се надевам дека таа соработка ќе се продлабочи преку гостување на театрите, ликовната уметност и поезија во двете земји. – Вели Спасески.
Компјутерските графики од мегациклусот Охридски ангели во месец август беа изложени во Охрид во рамките на славењето на 50 годишнината на Охридско Лето, кога беа промовирани и петте книги со хаику поезијата на Спасески.