Минатиот месец Амбер Хард се нашла на мета на хакерите, кога десетици разголени фотографии на славните се појавиле на интернет. А сега, приватноста на вереницата на славниот актер Џони Деп уште еднаш е загрозена. Објавено било видео на кое Амбер изведува стриптиз за својот вереник, а исечокот наводно ја прикажува актерката како ја крева маицата додека се врти околу шипка.
Актерката во видеото на својот вереник стенкајќи му порачува да се врати дома и дека и е потребен. Во изминатиов месец дена, голем број интимни и разголени фотографии на славните личности биле објавени на интернет, откако било провалено во нивните лични iCloud налози. Добитничката на Оскар Џенифер Лоренс, манекенката Кејт Аптон и музичарката Аврил Лавињ се само некои од жртвите на таа прва кражба на податоците.