Постои една област во која компјутерите не го надминале човековиот ум, а тоа е емотивната интелегенција. Меѓутоа, компјутерите можат да препознаат човекови емоции по начинот на кој типкаат на тастатурата, концепт кој е наречен сингуларност. Во новата студија, пишува „ Live science“, истражувачите побарале од мала група луѓе да напишат дел од текст, а потоа ги анализирале ударите по тастатурата, за да видат дали можат да идентификуваат било која од седумте емотивни состојби: радост, страв, лутина, тага, гадење, срам, вина.
Истражувачите велат дека доколку успеат да изградат било каков систем доволно интелегентен за интеракција со луѓето кој вклучува емоција, однсно да може да детектира емоција и да го промени своето однесување во склад со тоа, тогаш користењето на машините би било многу поефективно и попријателско. Забележале дека системите кои детектираат чувства би можеле да бидат користени во апликации за онлајн учење. Онлајн системот за учење со емоционална интелегенција би можел да го менува својот изглед, стил на подучување или контекстот на лекции за што подобро да се прилагоди на емотивната состојба на ученикот.