Висок претставник на израелскиот затворски систем вели дека користат комјутерски програм кој интерпретира кучешко лаење, со чија помош разликуваат вообичаено лаење од предупредувачко.

– Системот со помош на микрофон го апсорбира лаењето на кучињата, а до чуварите го пренесува само она лаење кое е важно за сигурноста, т.е. она кое покажува одреден степен на стрес и агресија.


Тој што ќе предизвика предупредувачки лавеж на кучињата ќе биде сниман и зумиран од камери, изјавил Ноам Тавор, водичот на кучешката служба во затворите во Израел.