Еден холандски угостител дошол на идеја во својата понуда да сврсти пржени компирчиња со прелив од канабис. Како што пренеле агенциите, Алберт ван Беек во своите локали во Амстердам и Утрехт им нудел на гостите пржени компирчиња прелиени со „зелен сос со силен мирис на канабис“.

Тој објаснил дека често ги гледал луѓето како шетаат и пушат џоинт. Мирисот на канабис бил често присутен во неговите локали и дошол на идеја нешто да преземе. Додал дека гостите биле многу задоволни од неговата нова креација. Угостителот рекол дека некои се пожалиле дека им се завртело во главата од само неколку залаци, но тоа било невозможно. Активната состојка на дрогата THC била извадена, така да преливот имал вкус, но не и дејство на канабис.