Швајцарската компанија „Нестле“ соопштила дека произвела сладолед за кучиња, како и тие би имале можност да се разладат во летните горештини. Сладоледот за кучиња бил наречен “Frosty Paws”, што во превод значи ледени шепи и специјално бил на правен за кучиња.


Новиот производ за домашни миленици не содржел лактоза, бидејќи кучињата тешко ја вареле. Сладоледот бил полн со протеини, витамини и минерали, но не содржел млеко. Новиот леден десерт кој е достапен со вкусови на ванила и кикирики путер, засега се произведува само за американскиот пазар.