Хилкорп, компанија со седиште во Хјустон, која има вработено 1381 работник, се одлучила да им се заблагодари на своите работници за нивната посветеност и тоа на доста завиден начин со бонус од 100 илјади долари. Хилкорп е приватна компанија која се занимава со истражување на нафта и природен гас, а нејзин основач е Џефри Д. Хилдебранд, човек кој долго време важи за шеф од бајките. Благодарение на него и среќата, Хилкорп трета година по ред е на листата од сто најпосакувани компании за работа (20 место во 2015), а за атмосферата која завладеала низ ходниците на компанијата откако дознале што ги чека, најдобро може да опише рецепционерката Аманда Томсон.
„Се гушкавме и плачевме од среќа. Господинот Хилдебранд и претседателот на компанијата Грег Лалицкер се неверојатни мотиватори. Тоа се вид на шефови поради кои даваш 100% од своите можности. Тие се држат до се она што ќе ветат, до секој збор“ рече Томсон. Во 2010 година, за Божиќ, вработените во компанијата Хилкорп можеле да изберат помеѓу автомобил вреден 50 илјади долари или чек од 35 илјади долари.