Капитенот Винсент Компани е супер херој на Манчестер Сити. Репрезентативецот на Белгија го постигна единствениот погодок на мечот со Лестер и донесе три важни победи во трката за титулата со Ливерпул во Премиер лигата.

Манчестер Сити иако напаѓаше не` можеше да пронајде начин да го совлада Каспер Шмајхел. На истекот од 69-та минута, Белгиецот од 20-тина метри биеше и неговиот удар заврши под пречката за голема радост на Етихад.

Во пресрет на последната рунда од Премиер лигата, Манчестер Сити ќе започне со бод повеќе и се има во свои раце на гостувањето кај Брајтон, наспроти Ливерпул кој ќе мора да победи на домашен терен со Вулверхемптон и да чека кикс од конкурентот за титулата.

OhridNews