Манчестер Сити во претпоследната рунда од Премиер лигата на домашен терен оствари вредна победа совладувајќи го Лестер со 1-0. Единствениот погодокот беше дело на капитенот на „граѓаните“, Винсент Компани, кој постигна маестрален погодок. Белгиецот биеше сило и прецизно каде што се спојуваат гредата и стативата, а Каспер Шмајхел не можеше ништо да стори.
- Советите да додадам од моите соиграчи ме иритираа и затоа шутнав. Речиси сите фудбалери ми ја бараа топката, но јас одлучив спротивно и не погрешив. Тешко беше за игра на денешниот натпревар, бидејќи знаевме дека ако киксниме нема назад. Обично напаѓаме констатно, но на мечот со Лестер мислевме и нашиот гол. Во последната рунда влегуваме со бод повеќе, ќе одиме да победиме и да ја освоиме титулата во Премиер лигата. – изјави Компани.
Избраниците на Пеп Гвардиола во последната рунда гостуваат кај Брајтон, додека конкурентот Ливерпул на домашен терен го пречекува Вулверхемптон.
OhridNews
Компани супер херој на Манчестер Сити, „граѓаните“ чекор пред Ливерпул (видео)