Поранешниот шеф на германската телевизија РТЛ, Берн Рајнхарт, е избран денеска за нов извршен директор на компанијата А22 Спорт Менаџмент, која стои зад контроверзниот проект на европска суперлига во фудбал.
Европската Суперлига е проект кој го иницираа 12 клубови во април лани, но поради жестоки критики од јавноста идејата ја напуштија девет клубови – Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид.
Суперлигата сега ја поддржуваат Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, а одлуката за именување на нов директор доаѓа во време кога се чека пресудата на Европскиот суд на правдата по поднесената тужба од Суперлигата.
Во поднесокот Суперлигата ја тужи УЕФА за монопол над меѓународните натпреварувања со акцент на Лигата на шампиони.
OhridNews