Навивачката група “Комити“ на градскиот плоштад во тепачка повредија дете на возраст од 11 години. Тепачката се случила меѓу навивачка група, која што се враќала од стадионот Филип Втори и минувачите на плоштадот Македонија, во близината на лизгалиштето.
Навивачите својот бес поради поразот на Вардар во градското дерби од Работнички (1-0) го истуриле врз насобраните деца. Случајот е пријавен во полиција, а против учесниците во инцидентот ќе бидат поднесени соодветни пријави.