„Комитите“ кои се неизбежен декор на трибините кога игра Вардар ќе го заобиколат мечот на нивниот клуб во Охрид против Хоризонт Турново во дерби средбата од Првата македонска фудбалска лига.


Тие објавија дека ќе го бојкотираат клубот и дека нема повеќе да присуствуваат на нивните натпревари кои ги играат како домаќини и гости.

Пред месец дена кога Вардар дуелот со Металург во Купот на Македонија го играше во Охрид мала група од „комитите“ му го свртеа грбот на клубот.

Мх.П.