Комисијата за лиценцирање на работна посета во Охрид
27.01.11 10:10
Комисија на Фудбалската Федерација на Македонија од одделнието за лиценцирање ги посети второлигашките клубови во Охрид и Струга со цел да изврши едукација во врска со престојното лицнецирање за домашното првенство како и за мечевите од УЕФА за наредната сезона 2011/12 година.
– За да може клубовите да е натпреваруваат мора да ги исполнат условите од правилниците за лиценцирање кои се истакнати на веб страната на ФФМ. Петте вида на критериуми кои треба да се исполнат, се програми за развој и списоци на сите фудбалери од младинските категории , состојбата на стадионите, кои се посетени и на база на таа посета утврдена е фактичката состојба, и направен е правилникот. Персоналните, да се напрви здрава солидна структура во клубовите која во моментов не функционира, потоа правните во делот на правните документи, како стаути, потврди од централен регистар и финасискииот дел каде што различни се критериумите од УЕФА па се до втора лига – рече Филип Поповски, лиценцен менаџер при оделение за менаџирање во ФФМ.
Благодарение на одличната комуникација на одделението со клубовите, тие се запознаени со критериумите како и потребната документација која мора да ја комплетираат до први март. Најголемата забелешка на комисијата е непостоење на соодветни канцелариски простории на клубовите како и оргазнизационата поставеност на клубовите .
– Можеби сега им доаѓа наеднаш на клубовите, но и недоволната нивна заинтересираност е виновник за тоа , тие се сеуште не се свесни дека без лиценца нема да може да играат во наредното првенство . Новина е тоа што за следната сезона котизацијата ќе се плаќа одеднаш а не како лани на две рати. – појасна Поповски.
Друга новина е тоа што клубовите мора да достават тригодишна програма за развој на младинскиот фудбал.
– Се работи за тригодишна програма, во која секој клуб треба да ја истакне својата визија како ќе се одвива и како ќе напредуваат нивните играчи. Таа треба да содржи доста податоци но најважно е таа да се имплементира, бидејќи тоа е правиот пат за успех и развој. Лесно е да се стави на хартија но да се изработи тоа е друго, нас не’ интересира вистнсиката слика во клубовите со какви проблеми се соочуваат и да се обидеме, колку можеме да помогнеме во развојот на овие категории – истакна Бојан Марковски, експерт по спортски критериум.
Од Охрид Лоте сметаат дека ваквата програма која ќе мора да се импелментира ќе се стави ред во младинскиот фудбал поготово во второлигашката конкуренција.
– Се става еден ред, со оваа прогама се одредуваат правците на кои ќе се работи, и ќе се знае точно што и како ќе биде со фудбалерот. Мора да се регулираат состојбите во клубот, бидејќи имаме клубови кои живеат од денес за утре, а без ваквите програми тие нема да може да се натпреваруваат во лигата. Прв пат се среќаваме со оваа проблематика доаѓаме до ситауција да ни се нејасни некои работи но во периодот кој следува ќе ги средиме работите, со комисијата имаме одлична соработка и тие и ние сме расположени да направиме нешто добро за македонскиот фудбал – вели Наум Јанкуловски, креатор на програмата на Охрид Лоте за развој на младинските категории.
Комисијата напомена дека во иднина ќе врши поголема контрола, мониторинг, за она што е ставено на хартија дали одговара и во пракса, младинската комисија има одредни правилници и контролира на одреден термин а тоа ќе се практикува се поечсто.
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Осумдесеттина ученици од Охридската гимназија „Св Климент Охридски“ во придружба на професори присуствуваа на хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда што се одигра синоќа на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.