Одкако минатата година, Томислав Тунтев поднесе оставка од морални причини, ова место остана празно.
Советниците на вчерашната седница не го прифатија разрешувањето на Тунтев од местото претседател на комисијата и поради тоа, не беше именуван нов претседател на комисијата. За пополнување на ова место, како што OhridNews дознава, бил предложен актуелниот претседател на советот, Душко Јаковчески.
Тунтев и понатаму останува член на комисијата за доделување награди, а одлуката кому ќе му припадне наградата за животно дело и кој ќе ги добие повелбите, годинава комисијата ќе ја носи без претседател.
Крајниот рок да се произнесе комисијата околу наградите е 7- ми декември.