Охридските советници на седницата која ќе се одржи во среда, 26- ти август, ќе расправаат околу предлог одлуката за формирање комисија за унапредување и заштита на правата на пациентите во општина Охрид.

Комисијата ќе има за задача унапредување на правата на пациентите и нивна заштита, следење на состојбата со заштита на правата на пациентите, да предлага мерки за подобрување на нивната состојба пред надлежни органи, соработува со надлежни органи, разгледува поплаки од пациенти, издава информации, промотивен и друг материјал со цел унапредување на права на пациентите, како и други активности предвидени со закон. 

Т.К.