Комисијата ги испитува безбедносните услови и околности под кои се случила несреќата за што ќе изготви извештај, се вели во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
Истрагата треба да ги расветли околностите под кои се случила несреќата и да утврди дали биле почитувани законските прописи. Според Цревениот крст, кој е задолжен за обука на спасителите на вода и безбедност на капалиштата, несреќата можеби мкожела да биде избегната доколку момчињата носеле елеци за спасување. Оттаму посочуваат дека изнајмувачите на педалинки имаат законска обврска при издавањето на педалинка на лицата кои ќе рекреаират да им дадат елеци за спасување. Но, дали ова е еднинствената причина за трагедијата, одговор треба да даде извештајот на кој работи комисијата што ја формира Охридската капетаниаја.