Четири члена комисија во Фудбалската федерација на Македонија ќе го одбере новиот селекторот на македонската фудбалска репрезентација.


Комисијата ја сочинуваат Претседателот Илчо Ѓорѓиоски, потпретседателот Муамед Сејдини, членот на УО, Серафим Димовски, како и спортскиот директор Петар Милошевски.

За селектор на „рисовите“ има неколку конкуренти и тоа Милко Ѓуровски, Тони Савевски и интернационалците Лотар Матеус и Шпанецот, Виктор Муњоз.

По заминувањето на Чедомир Јаневски селекцијата на последните два натпревари од квалификациите за СП во Бразил ја предводеше Зоран Стратев.

Мх.П.