Советот на општина Охрид, на28-та седница донесе одлука да формира комисија која треба да ја разгледа состојбата во МЈП “Проаква“ откако струшкиот совет неодамна покрена иницијатива за раздружување.
Најавите се дека Проаква ќе се дели на три посебни јавни претпријатија, “Водовод“ – Охрид, “Водовод“ Струга и државно јавно претпријатие за стопанисување со колекторот.
Советот ја одложи расправата за донесување ДУП за У.Е 7 и Пештани. Затоа пак експресно беше донесена програмата за работа на Советот во 2007г. и беше усвоена информацијата за проектот АМПЕП.