Комисијата за разни болести попладнево ќе одржи состанок. Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче.
Во врска со тоа дали ќе бидат препорачани дополнителни рестриктивни мерки рече дека смета оти нема да има нови мерки, бидејќи било констатирано дека никаква дополнителна рестрикција од тоа што е сега не може да даде ефект.
-Гледавме што се случува во многу други земји. И во земји во кои имаше многу поголеми рестрикции од нашата сега имаше исто така многу силен бран. Привремени од неколку дена одлуки за карантин не дадоа никаков ефект и тоа оди во прилог на тезата дека кога има широко распространета локална трансмисија единствено нешто што треба да се прави е да се почитуваат сегашните мерки, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“.
OhridNews