Натпреварот на „Алфонсо Перес“ стадионот помеѓу Гефате и Ајакс кој заврши во корист на домаќините (2-0) не ги оправда очекувањата кои ги имаат љубителите на фудбалот во првата етапа од елиминациската фаза во Лигата на Европа. Мрежите во првиот 1/16 финалето меч се тресеа, но изостана фудбалското надигрување бидејќи целиот натпревар помина во тактичко надмудрување, со безброј прекршоци и сумилирања.

Прецизните фудбалски критичари излегоа со податок дека активен фудбал на дуелот Гетафе – Ајакс се играл само 43 минути, што е помалку од едно полувреме. Во таков развој на настаните подобро се снајде домашниот состав кој успеа да постигне два погодоци, додека Ајакс комплетно се изгуби во антифудбалот.

Најдобра илустрација за случувањата на стадионот е симулацијата на домашниот фудбалер Алан Нијом после стартот од Рајан Бабел. Играчот на Ајакс доби жолт картон, а потоа и тој легна да симулира како објаснување дека ништо не му направил на противничкиот фудбалер. Вистинска комична и несекојдневна ситуација за ранг на натпреварување како Лигата на Европа.

OhridNews