Чуварот на мрежата на српски Динамо Врање, Мирослав Орлиќ во обидот да го испочитува фер плејот и топката да ја исфрли во аут поради повреден играч си постигна неверојатно комичен авто-гол. Орлиќ пред да си ја затресе сопствената мрежа имаше две фантастични интервенции кои паднаа во сенка поради грешката неколку секунди подоцна. Голманот на Динамо имаше среќа бидејќи неговата екипа победи со 3-1 и киксот кој не влијаеше на резултатот брзо ќе се заборави.
„Авто-голот“ на Орлиќ.
OhridNews