Фудбалерите на Евертон го освоија целиот плен на „Емирати“ стадионот, победувајќи го Арсенал со минимални 1-0, во првиот натпревар од 33-та рунда во англиската Премиер лига.
„Карамелите“ погодокот за победа го постигнаа во 74-та минута, а најзаслужен беше домашниот голман Берн Лено. Германскиот чувар на мрежата катастрофално реагираше при нафрлувањето на Ричарлисон и наместо рутинска одбрана направи кардинална греша, по што топката заврши во мрежата.
За гостите од Ливерпул ова беше прв триумф после пост од пет натпревари и прв во Лондон по цели 25 години.
OhridNews