Кометата А3 (Цучиншан-АТЛАС), после 80 000 години, повторно е видлива од планетата Земја. Астролозите уште ја нарекуваат „кометата на векот“ поради нејзиниот сјај и можноста да се види со голо око. По јужната, сега таа е видлива и од северната хемисфера, секако во зависност од временските услови и светлосното загадување.

Кометата на векот го осветли небото над Охрид

И покрај полната месечина кометата која последен пат била видлива од Земјата во времето на неандерталците, со голо око деновиве може да се види и на небото над Охрид на зајдисонце во правец на југозапад. А3 (Цучиншан-АТЛАС) која и вечерва извесен период го осветли небото над Охрид, ја уловија објективите на фоторепортерите на Охридњуз Бобан Стојаноски и Анамарија Момироска.

Кометата стана видлива на вечерното небо од 10 октомври, по што можеше да се забележи и со голо око. Најблиску се приближи до Земјата на 12 октомври на растојание од 71 милион километри. Кометата потоа стана потемна, бидејќи се оддалечува и од Земјата и од Сонцето, но како што издолжувањето станува повисоко, станува полесно да се забележи.

Кометата А3 ќе може да се види на северната хемисфера, до 30 октомври, со голо око, двоглед или телескоп.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски I Анамарија Момироска