Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров денеска во Виена против Хипо, го играат последниот натперавар од фазата по групи во Лигата на шампионите.
Кометал нема шанси за пласман во нокаут фазата, но се очекува македонскиот шампион достојно да се прости од елитата.
Со евентуална победа Кометал останува во игра за третото место кое води место во Купот на пшобедниците на куповите. Теретски тоа ќе зависи и од исходот од натпреварот Лада-Ларвик, што се игра во сабота.
Хипо годинава е непоразен дома, а Кометал не знае за победа на гостувањата во Виена. Средбата започнува во 20:20ч.
ohridnews