Спортската  гордост на Македонија, Кометал Ѓорче Петров, е пред финансиски колапс, кој може да значи и дефинитивен крај за некогашното големо име на европскиот ракомет.

На прес конференција, вчера во Скопје клубот упати очајнички апел за спас, а помош била побарана и од Европската ракометна федерација.

Кометал годинава игра епизодна улога во Лигата на шампионите. По трите одиграни кола ѓорчепетровки имаат исто толку порази, а шансите за прв успех во четвртото коло кое на програмата е на 2 јануари се сведени на минимум бидејќи на гости во Скопје доаѓа актуелниот европски првак Звезда.

Ohridnews