Најтрофејниот македоснки женски ракометен клуб, Кометал Ѓорче Петров, денеска (17:45ч. МРТВ) во СРЦ „Кале“ го игра клучниот натпревар во Лигата на шампионите за опстанок на евро-сцената.

Шансите за пласман во нокаут фазата од ЛШ, Кометал одамна ги загуби, но се евентуална победа со доволен број голови денеска над Ларвик, македонскиот шампион може да се надева на европска пролет.

За таа цел „кометалки“ треба да го совладаат Ларвик со повеќе од три гола разлика, бидејќи во првиот меѓусебен дуел во групата  скандинавките славеа со 27:24.

ohridnews