Како што соопшти во петокот Комерцијална банка, остварениот резултат преставува 69,3 отсто од остварениот резултат на банката во претходната година.
„Во текот на 2009 година продолжи влијанието на глобалната економска криза врз домашната економија, кое се манифестираше преку неповолни движења во реалниот сектор, влошување на билансот на плаќања, намалени надворешни капитални и финансиски приливи и зголемени притисоци врз девизните резерви“, се вели во соопштението.
Од банката додаваат дека влијание врз начинот на искажаниот финансиски резултат имаат и промените на регулативата воведени на почетокот на 2009 година.
„Нето приходите од провизиите и надоместоците во 2009 година бележат намалување од 25,2 отсто, што главно се должи на промотивното намалување на провизиите кое беше во функција на новоотворените трансакциски сметки во платниот промет“, стои во соопштението.
Банката остварила и пад од 9,8 отсто во остварениот нето позитивен ефект од курсните разлики.
извор Макфакс