Комерцијална банка АД Скопје 2008 година ја завршила со најголема бруто добивка во своето досегашно работење во износ од 1 милијарда и 550 милиони денари, што е за 45 проценти поголема во однос на претходната година.

Ова било соопштено на редовното Годишно собрание на акционери на банката, што се одржа денеска

„Комерцијална“ информираше дека нето добивката на банката во 2008 година изнесува 1 милијарда и 377 милиони денари.

OHRIDNEWS