Комерцијална банка Скопје, по седми пат е прогласена за најдобра банка во Македонија за 2010 година, од њујоршки магазин “Глобал фајнанс”.

Изборот на најдобри банки од 23 земји од Централна и Источна Европа е направен од уредниците на магазинот, во соработка со врвни стручни лица од областа на индустријата и банкарството, а врз основа на следните критериуми: пораст на активата, профитабилност, стратегиски односи, услуги на клиентите, конкурентни услови и нови иновативни производи.

OhridNews