Оваа акција од банката ќе ја спроведат по повод Светскиот ден на штедењето.
Родителите на новородените деца ќе можат да ја подигнат наградата во најблиската филијала и експозитура на „Комерцијална банка“ до нивното место на живеење.
Светскиот ден на штедењето се слави на 31 октомври, како сеќавање на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците одржан на тој ден во 1924 година во Милано. Учесниците на Конгресот се согласиле дека штедењето е многу потребно за развој на човештвото, како и за заживување на борбата против расипништвото. Таа одлука е донесена од страна на 350 делегати од 27 земји, кои претставувале околу стотина милиони штедачи.
Инаку во третиот квартал од годинава Комерцијална банка оствари добивка од 12,7 милиони евра. Според неревидираниот финансиски извештај добивката на Банката, споредено со истиот период минатата година е зголемена за 10,3 отсто.
извор:„Макфакс“