Намалување од 1 процентен поен и 0,5 процентни поени на одредени каматни стапки за постојните и новите кредитокорисници – правни лица кои имаат понудено квалитетно обезбедување како покритие за својата задолженост.
Во соопштението се наведува дека ќе се изврши балансирано намалување на каматните стапки на денарските штедни влогови за 0,5 процентни поени за сите рокови, како и намалување на каматните стапки на девизните штедни влогови во евро по видување 0,2 процентни поени, а кај орочените на 3 и 12 месеци за 0,1 процентен поен.
Намалените каматни стапки за хипотекарените, станбените и за кредитите за деловен простор со евро клаузула ќе се применуваат од 31 јануари 2010 година.