Комерцијална банка од 1 мај ќе ги намали каматните стапки за кредитите на правните лица, а од 16 мај и за кредитите на физичките лица.

Во соопштението на банката се вели дека каматните стапки за кредитите на правните лица ќе се намалат за еден процент, а дедека пак каматата на кредитите за физички лица ќе има намалување од 0,5 отсто до еден процент.

Исто така  намалување од 0,5 отсто ќе имаат кредитите обезбедени со хипотека од прв ред од минимум 120 отсто, кои беа намалени на почетокот од 2010 година. За 0,5 отсто ќе се намалат  и потрошувачките кредити одобрени по 16 мај 2009  година, денарските станбени и ненаменски хипотекарни кредити, автомобилските кредити обезбедени со жиранти или залог на возило, додека автомобиските кредити обезбедени со хипотека на недвижен имот  и туристичките кредитите ќе се намалат за еден процент.

OhridNews