За најдобра банка во Република Македонија за 2011 година е прогласена Комерцијална банка. Ова е осмо по ред прогласување на Комерцијална банка за Банка на годината од страна на магазинот Global Finance.
Во Њујорк, на 24 март 2011 година магазинот Global Finance ги прогласи најдобрите банки од Централна и Источна Европа врз основа на ексклузивно истражување кое ќе биде објавено во мајското издание на магазинот. Уредниците на Global Finance со помош на индустриски аналитичари, директори на корпорации и банкарски консултанти ги избраа најдобрите банки на регионот и најдобрите банки во 22 земји. Критериумите за изборот на победниците вклучуваа: пораст на актива, профитабилност, стратегиски односи, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни производи.
Ова е осумнаесетта година по ред откако магазинот ги избира најдобрите банки во земјите во развој.