Уредничкиот тим на германскиот „Скај спорт“ експресно го суспендираше коментаторот Јорг Далман, поради непримерно и неспортско коментирање на програма во живо. Имено, Далман на куп дуелот во Германија, помеѓу Унион Берлин и второлигашот Падерборн кој заврши во корист на гостите со 3-0, ја прозиваше сопругата на голманот Лорис Кариус, Софија Томало.
Далман после третиог погодок на Падерборн во мрежата на Кариус, рече дека голманот има среќа што дома има згодна сопруга како Софија која ќе има задача да го утеши.
Дефинитивно нема место за Кариус во Берлин. Сепак, нема за што да жали, бидејќи и јас би седел на клупа ако дома ме чека жена како Софија. – рече во текот на преносот Далман.
Веднаш после натпреварот, „Скај спорт“ го суспендираше Далман, а уредничкиот тим испрати извинување до Лорис и Софија. А, инцидентот го коментираше и Софија.
Секој посакува љубов, а таков беше случајот и со Далман. Но, каде што се работи за фудбал и спорт, нема место за такви разговори. Повеќе ме изнервира поразот на Унион Берлин. – изјави Софија.
Кариус, пак, на фудбалски терени се прослави со многуте грешки, а секогаш ќе му се памeтат киксовите во финалето од Лигата на Шампиони, кога Ливерпул изгуби со 4-1 од Реал Мадрид.
OhridNews