Коментар: Да ја промениме филозофијата на приоритетите!
19.11.09 11:08
По повод 19 ноември-Светскиот ден на Филозофијата
Многу треба да смениме! Прашањето е: ОД КАДЕ ДА ПОЧНЕМЕ!? Претпоставувам дека најлесно ќе биде да почнеме од навиките да ги ставаме нашите приоритети над приоритетите на другите. Сакале или не, се наметнува уште едно прашање: КОИ СЕ ТОА ДРУГИТЕ!? Другите, за среќа се нашите најблиски и нивните најблиски и најблиските на најблиските на нашите најблиски и така натаму, се шират круговите со иста хармоничност. Поезијата во целата оваа гимнастика е тоа што некако тешко ни оди со убедувањето на самите себе дека треба да ги баталиме овие кругови и да почнеме почесто да се гледаме во огледало. Сметам дека со поголема практика на оваа дисциплина ќе успееме да се ставиме себе си на пиедесталот приоритет број еден.
Знам дека ова ќе ви изгледа како беспотребно зборување и ќе си речете тоа не ме интересира но, не е така. Секој од нас се нашол, се наоѓа и ќе се најде во ситуација да ги стави приоритетите на другите над своите. Разликата е во тоа што некои тоа го практикуваат почесто од другите. Како и да е, вежбајте поставување на приоритети но, запомнете, ВАШИТЕ ПРИОРИТЕТИ ПРЕД СЕ, барем додека да стекнете чувство за вистински приоритети. Да бидеме 100% разбрани, своите приоритети пред СЕ е различно од себичност. Тоа е добар механизам за преживување на поединците во денешното општествено опкружување и добар механизам за опстојување на општеството меѓу соседското, европското и светското опкружување.
Ова се моите гледишта. Вашиот прв приоритет би бил да одредите дали сум во право или не.
Би и помина 2024 – та година Не се ни осети како помина Без да осетиш А државава остана јалова Сега не` чекет нови битки со нови сили во новата година Но, обично прајме едно резиме на поминатото за...
Абе не туку обвинвите погрешен чоек за бегствотото на Груби Жими Асана Полицаецот шо го пропуштил бил крив!! Как да не Груби пред да дојдит на граница имал проверки и проверки Да ми речиш дека крив...
Еееее шо дочекавме Чак Норис да дојт да учит во Македонија и да си ги малтретират другарчињата Чоекот шо со зденка имат свирено гитара крена на нозе родители од две училишта Едните сакет да го избр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.