Европската Триатлон Унија (ЕТУ) додели признание за тимот на Асоцијацијата на спортови, локалниот технички организатор, за поддршката во одличната организација на Европскиот јуниорски триатлон КУП Охрид 2019!!!

Полагањето на високиот тест од страна на ЕТУ за организација на еден од најкомплексните спортови за организација, во град и држава со постоечка традиција, искуство и професионализам, на датум кој најмалку нас ни одговараше (ЕТУ предизвик за нашиот капацитет), на временски услови и тоа како тешки за работа, претставува големо признание, мотив за да продолжиме да се искачуваме на патот на спортско-европски Охрид со сите предизвици кои ги имаме и ќе ги имаме.

Благодарам на European Triathlon Union, Macedonian Triathlon Federation/Македонска Триатлон Федерација за довербата и укажаната можност Охрид и ние да изградиме уште едно искуство големо колку планина кое ќе придонесиТ уште поголема афирмација и промоција на Охрид и комплетен бенефит за сите нас кои се уште живееме и сакаме да живееме во Охрид.

Лично, овој пат, навистина не можам да најдам посоодветни зборови како да се заблагодарам од мое име и име на Асоцијацијата на целиот ТИМ на Асоцијацијата и пријателите нејзини. ГОРД/И сме до небо на сите ВАС, волонтери (РК Охрид, РК Лихнидос, Црвен крст Охрид), професори по физичка култура (Пеце, Врето, Пуцо, Миле, Никола Црно, Марино), Симе, Дарко, Брдар, Робче, Јован, Калач, Кочо Каро, Михаил, кајак-кану клуб Ехо, издржавте и бевте вистински професионалци и покрај сите потешкотии и покрај сите притисоци останавте на патот на успехот, ВИ БЛАГОДАРИМЕ !!!

Благодариме на поддршката и разбирањето на Општина Охрид, ЈП Градски гробишта, ЈП Билјанини Извори, ЈП Охридски Комуналец, Хидробиолошки завод, Камп за обука на вода, СВР Охрид, Кармен Бауцентар, Национален ресторан Вили Пештани, Пливачки клуб Охридски бранови, Црвен крст Охрид, Мега продукција, Малче, Реџо, Ohrid News ТВМ, Супер радио, се извинувам доколку некого го испуштив.

На крај би сакал да се извинам и да побарам разбирање од мое име и име на Асоцијацијата на сите оние кои имаа потешкотии околу извршувањето на своите секојдневни активности, на сите охриѓани и гости кои имаа потешкотија да стигнат до својата неделна дестинација во текот на изминатиот викенд и посебно на плажите, хотелите и другите угостителски објекти. Ние во соработка со СВР, за што искрено им се заблагодаруваме, направивме максимум (сообраќаен проект, ангажирани лица на патека, ознаки и реквизити на патека, максимално информирање на време преку медиумите и социјалните мрежи) што можевме за да на овој датум и време се помине во најдобар ред. За жал искуството и културата на сите нас е различно и поради тоа некој ќе има а некој нема да има разбирање.

За нас, Охрид е светски град и како таков така треба и да се доживува и однесува во него, големите спортски, културни, музички, политички настани биле, се и ќе се дел од Охрид и нас. Охрид мора да биде дел од големи настани, Охрид мора да го менува имиџот, Охрид мора да ја подобрува комуникацијата, разбирањето, почитта, културата зошто е за наше добро ако не и тие што сме лека полека ќе не нема.

Со почит,

Иван Цветкоски

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите