Битолското Драмско студио „Солза и Смеа“ во сабота на 7-ми мај 2016 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведе теaтарската комедија „Аудиција“.
-Претставата „Аудиција“ е еден вид на комично шоу кое е работено според идејата на Сараевската Аудиција која беше мега-популарна на овие простори. Работена е на принцип на импровизација на актерот и притоа нема дефиниран драмски текст, а се работи за осум интересни типизирани ликови кои се пријавуваат на аудиција, за да станат новите лица на „Солза и Смеа“, пишува во најавата за претставата.
Почетокот на претставата е во 20 часот, а влезниците чинат 120 денари.
OhridNews