Љубителите на театарската уметност од Охрид, утревечер повторно ќе имаат можност да ја гледаат претставата „Ајде да си речиме уште една“, во изведба на охридскиот театар.  Претставата, која ќе се игра на малата сцена на Центарот за култура ,,Григор Прличев’’, изобилува со многу комични елементи и со многу стари народни песни познати на пошироката публика кои се изведуваат во живо.

“Ај да си речиме уште една”, е авторско дело на режисерот Андреј Цветановски, и зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ.

Улогите во претставта ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор Георгиев. Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура.

Почеток на претставата е во 20 часот, цена на билетот 100 денари.

OhridNews