Комедијата „7 Начина како да се ликвидира сопругата и зошто?!“, што ја подготвија талентираните ученици, членови на драмската секција од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, под водство на професорката по Македонски јазик, Ирена Бачиќ“, вечерва, 5-ти април, ќе биде репризно прикажана во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Репризата се очекува со големо внимание, со оглед дека премиерата на претставата на почетокот од март, мина одлично.
Претставатата, инаку, е подготвена на специфичен начин со примена на техники при што се работи без напишано сценарио, новина со која учениците имале можност да се запознаат при нивната посета на Меѓународната театарска школа во Берлин.
Во претставата играат: Владимир Ристески, Игор Русески, Мила Коцарева, Марија Баткоска, Ева Каланоска, Томе Укоски, Викторија Симоноска, Борис Коровеш, Никола Буџакоски, Михаил Целески, Лазар Вучетиќ, Филип Тренески, Ана Марија Михаилова, Катерина Петреска, Марија Димоска, Христина Стојаноска, Јован Цветкоски, Александар Здравески, Јован Паункоски, Марио Димов, Мартин Мишевски, Звонимир Србиноски.
Репризата на претставата „7 Начина како да се ликвидира сопругата и зошто?!“, почнува во 19 ч.
Пред почетокот на претставата, охридската публика ќе има можност да го проследи и 15 минутниот перфоманс на ученици од Хрватска.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com