Група јапонски научници успеале да модифицираат комарци кои наместо да пренесуваат заразна болест, сега ќе шират одредена вакцина.
Научниците овој вид комарци ги нарекле „летечки вакцинатори“. Кога комарецот ќе касне одредена особа, тој и вбризгува многу мала количина течност која спречува згрутчување на крвта кај особата.
Јапонските научници пронашле начин како да ја модифицираат жлездата на комарците која лачи одредена течност, и заедно со неа да излачува и одредена вакцина, конкретно за време на тестирањето е користена вакцина против паразитската болест leishamniasis.
Иако овој начин на вакцинирање може да биде многу корисен во сиромашните подрачја каде квалитетниот систем на вакцинација е недостапен, постои загриженост дека ова откритие може да се злоупотреби за планирано ширење на одредени болести.