Екипата на Баерн Минхен по шести пат ја освои титулата во Лигата на Шампиони, откако во финалето со 1-0 го совлада Пари Сент Жермен. Човек на одлука во финалниот натпревар од завршниот турнир во Лисабон беше Кингсли Коман кој погодокот за победа го постигна во 59-та минута.
Коман кој потекнува од школата на ПСЖ после мечот изјави дека е среќен за успехот со германскиот клуб, но тажен поради фактот дека неговиот матичен клуб изгубо во финалето.
Срцето ме боли што го остадов ПСЖ без трофеј. Но морам да кажам дека сум среќен што успеав да стигнам со Баерн Минхен до титулата. Финалето беше одлично, двете екипи одиграа квалитетен фудбал, а ние за нијанса бевме подобри и победивме. – рече Коман.
„Баварците“ во титулите од ЛШ се израмнија со Ливерпул кој минатата сезона триумфираше во најквалитетното клупско натпреваруње во Европа.
OhridNews