Е така. Шуќур шо имат избори. Абе Господ златен секоја година да ги имат. Да не се овие платениве политички реклами не оти работа ќе завршам. Еве сега…..дур одат тие кладов подварокот, за утре свиткав сарма, ојде и последната зелка, кладов гашчи да се вријат, ги истрзав чорапите од прошлата недела, испеглав од завчера зш имав две машини уклучено и еве седвам да ја напишав колумнава.
Седвам ама некако не ми пишит. Незнам шо да речам. Ме штракна в гла да пишам за втората верзија за евро сонг шо се викат “Пред да се раздени до мене биди ти, во новиот ден зедно да сме јас и ти, пред да се раздени до мене остани, хјдсгфхасјхфјфх јдсјфдскјхфјдс кјсдхфкј ромале“, бар вака мислам дека се викаше…ам си реков не….не пишам….дур не го клает рефренот на ова верзија не пишам, а убо и јасно ќе се изјазнам ко ќе ja слушнам и четвртата верзија. Не само траскај. Не така ?
Зш види. Влатчета го дотераа колку толку. Во третата верзија да го клает рефренот, во четвртата и Есма да запејт…па здравје ќе видиме. Дур не ојт Есма на евровизија немат да се откажиме од обидите.
Е шо да пишам? Шо де? Како да седнам да пишам ко никако не се пишит разочаран. А времево ми врвит, еве уште 48 минути ќе поминит првиот блок на платена политичку реклами, а јас ни еден ред не напишав. Еве сега се кај 27 – ата пропадната фабрика. Си викам една работа. Абе во секое зло имат добро. Ете овие од ВМРО ги броет фабрики Бане шо ги затворил и само то го кажвет. Ами замисли …..ту ту ту скраја да е тие да ги имаа опраено. Лелеееееее не дај Боже. Од ко ќе ги кажеа сите 46 Бранко шо ги пропаднал замисли после то да ги спомвет сите една по една шо ги опрајле. По по поооооо….и ајвар ќе напреев дур продолжеше Сулејман.
А како да не сум разочаран. Ете ни се урна мостон на желбите. Единственото место кај шо можеше секој од државава да ојт да си застанит пред некое животно, кој како е роден, да фрлит некој денар и да си посакат желба, а животното да не те зезат. И види шо беше убо. И да не ти се исполнит желбата немат да ти е мака, зш им се молевме на плочки со животни, а помалку пари фрлаш во вода. Дур ако ојш на вечер замисли желба, фрли пара, помочај се и бегај. Така ам како. Не оти некој гледаше шо прајш. Најсетне пак двајсет години редовни си ги фрламе парите во вода, пред луѓе желби кажвиме и ич не не рецкет и еве пак горди ќе се испрчиме на избори. Како ам. Не за некој денар шо сме го фрлиле во Охридско Езеро.
Е зато ти викам….не знаев…..еве до 38 фабрика се стигнати….да побрзам….како да пишиш разочаран. Таман живнав малку, се расположив….ко вести….“Субрата Рој ќе ојт затвор“. Абре реков да ти се порднам во ова нашава, македонска судбина…..значи колку и да сакаме и да се мачиме да пркниме ко не ќе дават судбинава не дават. Уште султанот, онај Велечаснион ко не остај сираци на балканов не ни тргна и не ни тргна. Не кажвет старине дека Аце Коџамити во времето ги прекрстил рацете на газот и рекол…..колку јас шо ги гледам рацеве толку овај народ арно да видит…ете ти..клетва мавната и крени гла да те видам сега.
А чоекот ќе го средеше Љубаништа. Ко ти викам. Ем гости многу ќе донесеше ем многу луѓе ќе се вработеа ама и на нас домородциве ќе ни погодеше, ќе не …како да речам….ќе не модернизираше. Вака ни остана пак да се мочаме зад кампојне, да си тотолиме горе во грмушкине, да фрламе шишиња покрај контењерине, лушпине од пиперкине да ги закопвиме в песок…..Никаквата.
Мада малку….малку од малку се тешам шо некако во ова предизборнава кампања ми се појавија многу Субрати Ројој. Да бе. Цел рој Субрати Ројој. Сите кажват дека сега му е мајката да ја средат држвава. Допрва ќе сме виделе. Е сега ме збуна една работа. И едните и другите 20 години се наденати на власт и зш мајката до сега не го мрднаа газот до сега све ова шо кажвет дека ќе го средет не го средија досега?А?
Арно ама како викет…..нека е забаено, да не е забораено. И искрено све шо нудат е капитално за НСРМ и просперитетот на македонците. Еден од Субратите, Јани го викет рече дека ќе ќе градел пазари, а ќе рушел ѕидој. Како ами. Само ми се страв ако победит дан продолжит све да рушит, како споменици, кружни текој…не за друго заш пак ќе требит да ги градит. И мојт за инет од Коцета шо го кладе Букефала на плоштат и шо го зезаме за мадињата, овај дан клајт кобила па после….
Еве си имаме и една домаќинка шо е субратка. Јагнула. Од ко испра, испегла, избриша прашина напрај големо откритие. Најде одговор зш сме тонеле. Изнашла дека децата во Карпош плаќале поскапа ужинка од другите деца. И ај сега речи дека ова не е круцијално. Јагна рецесијата ќе ја решит со ужинка. Ќе замесит бурек, ќе им го дават на школарците во Карпош без и со то одма прво на родителите на тие деца ќе им го кренит стандардот, а после следствено натии во цела НСРМ опааааа…..Јагнула ќе го ни кренит……стандардот
И да се разбериме. Ме бендисват сиве овие субрати шо едни према други водат фер кампањи. Е сега некош ќе ти излетат така несвесно како двоцефка, диктатор, заспаниот, мало маже, млитаво жилеже, гркот…..и други така шегобијни зборчиња……Опаааа…..завршија рекламиве. Нишо..овај понеделник без колумна. А здравје другиот.
[email protected]