Тиф тиф тиф. Море како ми се кладе склет на душава. Додуша ептем тешко беше прашањето: како се викат таткото на синот од Перејца. И овај се збуна пустиот и рече Алексо. А рака на нога морам да признам дека и Вучиќ сакаше да му помогнит. И тој проба. Се лигаеше му се смееше в сурат и пак чоекот ко запна Алексо та Алексо.
А ако погодеше пустиот ќе си добиеше една сода бикарбона, коцка за гола супа и осум чепкалки за уши. А то не е малку. Јас само вртам да учествувам во тој квиз ама никако да добијам. И пубо шо не можам да добијам. Зжш не дај Боже да ми паднет овие награди ќе ми се свртит во умот. Гарант.
Можда ќе ми се свртеше можда не. Од наградите. Ама пусто да знајш како ми се сврте од кружнине текој низ НСРМ ко идев од Скопје средата то беше страшно. Од Скопје излегов лесно. Пратев само да бегам од чадон да и беше многу лесно. Ама од Кичево до Охрид душа ми излезе. Врти врти ко ненормален околу сине два кружни текој и ми се зеде умот незнаев на кај да одам. На првоно кружно не се сеќавам на кај излегов ама ги поминав Бериково, Вранештица, Орланци и Дупјани, па некако излегов на второно кружно. Па на него се исклучив кун Миокази, Долна Душегубица, па Демир Хисар, Брежани, Ботун и некако излегов на асфалт.
Ко стигнав пред Охрид веќе бев смелен во умов и фатив на кај Дебело Поле, Чекоштина, преку Лакочереј излегов кај ЕМУЦ школоно и од таму Рамне, Велесто, нас. Бејбунар, Туристичка и оп наеднаш пред зграда. Имало спас. Ќе научиме и ние да возиме на кружни текој. Молим те. Ко се научи Амди Бајрам да зборвит како пратеник, како така сега, не постојт некој шо неможит нешто да научит.
А сите научивме дека поголем проект од онај “Македонија вработува“ немат. Абре сите дупки се пополнаја. И оние шо барааа работа и на оние шо им требаа работници. Јас пратејќи го овај проект се саблазнав ко ја видов нована реклама за овај проект. Значи гарант по сите градој све е пополнато чим на реклама кажвит еден дека се вработил во Село Беранци битолско во еден гранап.
И свршил работа. Мада мислам дека појќе имат свршено работодавецот во Беранци отколку шо имат свршено ново вработениов. Зжш се гледат на реклама дека му требит чоек иначе немат шанса да ги средит сите 3 рафтој од буково дрво шо ги видов. Ехехееее колку артикли имаше, санќим Рамстор.
Видов имаше четири кутии наполитанки, од оние политанки – наполитанки, две кесиња вегета од 250 грма, три супи од петел, зрн бибер во црнца можда едно……нека е нека е седум кесички, од малине, имаше три масла, два леба, од кој едниот од вчера вратен, а другиот од завчера….абе имаше сега многу да не бројам.
Абе така е ко ќе работиш паметно. Ко ќе си опкружен со паметни луѓе како британскиот амбасадор Чарлс Гарет кој рече дека одржувањето на кредибилни избори во април следната година значи дека има многу работа во меѓувреме, и потребно е не само политичките лидери во земјата, туку и институциите, медиумите, граѓанскиот сектор да се здружат.
И така е. Сите да се здружиме до април и да маниме едно ура, сите да креваме масла, брашно, ако мојме по 50-тина еври да мафниме, па требит да се вршит притисок да се гласат вака или така ако не фију фит од работа.
Како ам. Абе морат заеднички да се лажит, па здружено да гласаме и се знајт. Од април пак здружено да ојме на митинзи за да мојме здружено да кажиме дека пак не заебаја пилитичарите кој и да е на власт, здружено да ги истакниме негде газојте за да покажиме колку ни се парталосани од политичари лажговци. Тие се криви. Ние никакогаш.
Уф се запишав. Морам да клам крај на ова. Зш ќе одам да го гледам онај филмон од Илија Пиперкоски “Последен македонец – патот на истребување“….хм…..зжш ми е познат насловов?!
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив