Невработеноста е веројатно првото нешто што на сите ни паѓа на памет. И секако е дел од одговорот. Но сакам да обрнам внимание и на ОТТУЃЕНОСТА и немањето на здрав, цврст систем на меѓучовечка поддршка, една мрежа каде секој граѓанин ќе си го најде своето место, и ќе има можност да се реализира и да се обедини со други граѓани со иста визија и да добие и даде поддршка. Овој систем е ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР попознат како „невладините“ име кое пред се буди негативни асоцијации и сосема спротивни од оние за кои е создаден. Покрај невработеноста, уште една голема причина за отселувањето од нашите градови (впрочем и цела Македонија) е токму немањето на СИЛЕН НЕЗАВИСЕН ГРАЃАНСКИ СЕКТОР спремен да превзема акции за доброто на сите граѓани. Само тој сектор е ОД ГРАЃАНИТЕ И ЗА ГРАЃАНИТЕ и во вакви критични периоди во каков се наоѓаме би требало да има легитимитет да помогне што побрзо и полесно да се надмине оваа криза, но и во мирновремски услови токму овој сектор е тој што ја создава поврзаноста меѓу граѓаните, го зајакнува чуството на припадност, идентитетот, и дава квалитетни теми за соработка кои на крај резултираат во едно вистинско здраво општество и задоволни граѓани кои и ако се посиромашни сепак имаат силна причина да останат да живеат во своите заедници бидејќи се чувствуваат добредојдени, корисни, реализирани.
Како дел од граѓанскиот сектор веќе 15 години, многу ми е жал кога ќе слушнам наоколу какви се невистини се шират за овој сектор. Да, секаде има секакви, тоа е нормално, но сакам да им објаснам на граѓаните што значи за нивните животи тоа што немаме силен и независен граѓански сектор и организран систем на месни заедници. Дури и во Југославија имало граѓански организации кои многу придонесле за подобар квалитет на живот и верувам има постари граѓани кои сеуште се сеќаваат на нивните волонтерски акции, членувањ во разни фолклорни друштва, хорови, аматерски театри, изградба на објекти и инфраструктура…За жал новите генерации ќе го немаат тоа искуство. Нема солидарност, заедничко општо добро, има само конзумеризам и пари… Човекот – секој од нас, како најсовршено битие создадено на планетава по Божја промисла и со бескраен капацитет за прекрасни достигнувања е сведен на трошач, јадач, пијач и с****. За жал. Огромна жал.
Почитувани граѓани НЕ СЕ СИТЕ НЕВЛАДИНИ ПЕРАЧИ НА ПАРИ, и продолжени раце на партиите. Верувале или не, навистина има невладини кои се невладини и непрофитни и прават многу многу нешта во оваа држава за да тргне нешто на добро! Иако се многу малку, премалку – сепак постојат!
Граѓански сектор се сите спортски клубови, организации кои работат на разни теми за стари, млади, болни, здрави, невработени, екологија, хорови и музички групации, драмски групи, младински здружувања, синдикатите, верски и хуманитарни организации, сите сите кои се здружиле со цел да направат нешто добро за одредена група луѓе.
Жал ми е за сите граѓани кои никогаш не го доживеале искуството да бидат дел од некоја ваква организација, ниту се обиделе да формираат своја, да се борат за нешто убаво во кое веруваат. Така се вежба интегритет, одговорност, солидарност и сите човечки и хумани квалитети кои денеска се дефицитарни и ни недостигаат.
Ова писмо е обид да објаснам од прва рака на сите кои сакаат да знаат, пред да им пресудат на сите невладини и граѓански иницијативи немајќи ги сите информации при рака. (И доколку се најдете или познавате некој близок и драг човек во некоја од категориите подолу, значи дека веднаш треба да презвеземете акција и да станете иницијатор за основање на граѓанска организација или иницијатива. Ништо само од себе нема да се смени.): ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА НЕМА СИЛЕН НЕЗАВИСЕН ГРАЃАНСКИ СЕКТОР СПРЕМЕН ДА ПРЕВЗЕМА АКЦИИ ЗА ДОБРОТО ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ?
СЕ СЛУЧУВА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ НА ЕЗЕРОТО И ПРИРОДАТА со децении наназад и нема кој да реагира! се случува Изгрев Струга, Горица 1 Охрид, диви депонии насекаде, нефункционален систем за прочистување на езерото, истребување на ендемични видови, Студенчишко Блато, Заум, Калишта
СЕ СЛУЧУВААТ се поголем број на МЛАДИ ЗАВИСНИЦИ од алкохол и дрога бидејќи младите наместо да да волонтираат и да членуваат во разни друштва и организации( бидејќи нема каде) лесно се закачуваат на пороци дрога алкохол проституција која во туристички центри е лесно достапен дел од понудата.
СЕ СЛУЧУВААТ ДЕЧИЊА уште нетргнати нашкола да страдаат од кифози, сколиози, алергии бидејќи ги нема базените ниту силните ракометни кошаркрски пливачки клубови и секции по школите кои се доволно развиени да бидат бесплатно достапни за СИТЕ. секоја чест на ретките посветени кои породилни маки мачат за да опстанат!
СЕ СЛУЧУВААТ СРЕДОВЕЧНИ ФАМИЛИЈАРНИ ЛУЃЕ да го трошат времето во кладилници кои се множат ко печурки после дожд, наместо да се обединат во некоја група и здраво да се фатат со решавање на нагомиланите колективни проблеми во градот
СЕ СЛУЧУВААТ УБИСТВА, СИЛУВАЊА, КИДНАПИРАЊА И ТЕПАЧКИ наместото од поранешните градски хорови, играорни, спортски натпревари, еснафски седенки, дискотеки, драмски студија. Луѓето наместо да разговараат и да се дружат гледаат премногу филмови полни насилство.
СЕ СЛУЧУВА СТАРИТЕ и пензионерите да ги изгубат плажите кои со години ги посетувале бидејќи предност се дава на бизнисите(кои немаат ни тронка општествена одговорност), а не на граѓаните.
СЕ СЛУЧУВА ДА НЕМА ОРГАНИЗИРАН СИСТЕМ ЗА ПОДДРШКА НА СТАРИ И НЕМОЌНИ ЛИЦА ниту било каква помош. Нема силни пензионерски клубови и иницијативи. Зарем Охрид и Струга не заслужуваат Дом за стари лица и тоа не приватен и скап, туку достапен за сите посебно за оние категории кои немаат никој и немаат високи пензии. За тие најранливите!
СЕ СЛУЧУВА ТЕНЗИЈА во училиштата каде никогаш порано немало проблем. Немаат младите квалитетни места да ја канализираат својата енергија. Ги нема веќе секциите по училиштата кои порано беа престиж. Професорите наместо да се посветат на работата се принудени да прават други нешта кои немаат врска со нивната примарна работа. Секоја чест на исклучоците.
СЕ СЛУЧУВА НАЈСПОСОБНИТЕ да бегаат главом без обзира од родните места, разочарани од немањето можност да направат нешто добро и убаво! Немаат место каде би се докажале и реализирале.
СЕ СЛУЧУВА НА МЕСТОТО ОД БОЛНИЦИТЕ, ШКОЛИТЕ, ЈАВНИТЕ КУЈНИ, ПАРКОВИ, БЛАТА да се градат хотели, ресторани, елитни населби достапни само за елитата од1% бидејќи нема граѓански иницијативи доволно силни да го зачуваат она што е за општо добро на сите. Нема здружувања на доктори, на медицински лица, на готвачи, на еколози со храброст да превземат квалитетни акции за доброто на сите нас.СЕ СЛУЧУВА ВО ТИЕ ТОЛКУ ИЗВИКУВАНИ ДИРЕКТНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ХОТЕЛИ нашите граѓани да бидат третирани како робови, за 12 часа на ден, без слободни викенди, за минималец за да бидат отпуштани кога ќе помине сезоната. Бидејќи нема силни синдикати кои се дел од граѓанскиот сектор!
СЕ СЛУЧУВААТ ПРАЗНИ УЛИЦИ, затворени дуќани, напуштени чаршии, изумрени градови од септември до јуни. Бидејќи нема еснафски здружувања заеднички да си помогнат.
СЕ СЛУЧУВА ОХРИД И СТРУГА некогаш посакувани места за живот да се сведат на летни населби за ефтини туристи. Бидејќи се е до парите а не до квалитетот на живот.
СЕ СЛУЧУВА И ТИЕ МАЛКУ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ,СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ДРУГИ ЗДРУЖЕНИЈА кои едвај опстануваат и останале граѓански, да изгубат авторитет од самите разочарани и веќе разнебитени граѓани и да бидат квалификувани како партизирани, како перачи на пари и што уште не.
Притоа тоа е најголем знак дека ВО ОХРИД И СТРУГА НЕМА СВЕСНОСТ ЗА ОГРОМНАТА ВАЖНОСТ ОД ПОСТОЕЊЕ СИЛЕН И НЕЗАВИСЕН ГРАЃАНСКИ СЕКТОР кој е најголем и најискрен застапник на граѓаните!
ОВА ПОГОРЕ КАЖАНОТО НЕМАШЕ ДА СЕ СЛУЧУВА АКО ИМАШЕ СИЛЕН ГРАЃАНСКИ НЕЗАВИСЕН СЕКТОР!
Катерина Василеска– селанка, граѓанка, човек, активистка која ги сака природата, селата, животните, Охрид, Струга, Поградец, Галичица, Јабланица, езерото и верува во Љубовта, Доброто и Убавото
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.